Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, изјави дека државата повеќе не може да ги зголемува расходите во социјалниот сектор, како и финансирањето на чиновниците, пренесува РИА Новости.
„Во последниве десет години трошоците во социјалната сфера пораснаа за 2,5 пати. Ние не можеме повеќе со такво темпо да ги зголемуваме расходите“, изјави Силуанов.
Според зборовите на министерот, буџетскиот сектор во Русија сега е прекумерно надуен и неефективен. Русија за 1,4 пати го надминува просечниот број на јавни службеници (на 1000 жители) од развиените земји, а дури за 2,5 пати земјите со средно ниво на развој.
Тој изјави дека во последниве пет години дури се вработени дури 100.000 луѓе кои земаат плата од буџетот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче