Министерството за вонредни состојби во Русија испрати авион во Сирија по граѓаните на Русија и ЗНД кои посакаа да ја напуштат оваа земја.
„Авионот Ил-62, во кој се наоѓа оперативна група од министерството за вонредни состојби и психолози - полета кон Латакија“, пренесе официјална претставничка од Министерството за Интерфакс.
Во Сирија во неделата започна процес за уништување на хемиското оружје. Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Сирија беспрекорно соработува со меѓународните инспектори во процесот на уништување на хемиското оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче