Мировната конференција за смирување на сириската криза „Женева-2“ ќе биде одржана во средината на ноември. Русија и САД се договорија за чекорите кои треба да се преземат за да владата и опозицијата на тие блискоисточни држави соработуваат, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Ларвов после преговорите со американскиот колега на Бали. И Џон Кери излезе со слична изјава пред новинарите, пренесува ИТАР-ТАСС.
Треба да се создаде составот на делегацијата и надворешните соработници. Ова ќе биде задача на организаторите во следниве денови. Лавров ја повика Националната коалиција на Сирија „да зборува со еден глас“, истакнувајќи дека нивниот шеф првин дава една изјава за „Женева-2“, а потоа неговите приврзаници го негираат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче