Огнот на XXII зимски Олимписки игри 2014 ќе беше официјално предаден на делегацијата на организацискиот комитет „Сочи 2014“ во Атина, пренесува РИА Новости.
Церемонијата на предавање на огнот се одржа во саботата на стадионот „Панатанаикос“ во главниот град на Грција. Русија на церемонијата ја претставуваа заменикот претседател на Владата, Дмитриј Козак, претседателот на организацискиот комитет „Сочи 2014“, Дмитриј Чернишенко, а исто така и амбасадорот на Олимписките игри во Сочи, шесткратната олимписка шампионка - Лидија Скобликова.
Огнот за Сочи 2014, запален на 29 септември во Олимпија, помина шестдневен пат низ Грција, а на 6 октомври ќе пристигне во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче