Во Фиренца завчера се отвори изложбата „Руска авангарда. Сибир и Исток“ на кој публиката ќе има можност да ги погледне делата на авангардните уметници кои биле инспирирани од азиски мотиви: јапонски гравури, индиска философија и шамански ритуали. РИА Новости известува дека изложбата ќе трае до 19 октомври.
„Тоа ќе биде убава изложба со разновиден визуелен материјал - платната на авангардистите се пропратени со шамански костими и различни етнографски предмети. Ќе има многу дела од добата пред авангардата. На пример, јапонскиот циклус на Верешчагин. Мислам дека тоа ќе биде ново откритие за западните гледачи“, изјави Евгенија Петрова, еден од кустосите на изложбата.
На изложбата ќе бидат претставени 120 слики и скулптури од добата меѓу 1890 до 1930, вклучувајќи ги делата на Леон Бакст, Александар Беноа, Павел Филонов, Михаил Ларионов, Владимир Татлин и Николај Рерих.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче