Русија, САД и Авганистан заедно уништија повеќе од 24 тони опијати

Властите на Русија, САД и Авганистан во последниве три години заедно уништиле на територијата на Авганистан 24 тони опијати во хероински еквивалент.

Властите на Русија, САД и Авганистан во последниве три години заедно уништиле на територијата на Авганистан 24 тони опијати во хероински еквивалент. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Виктор Иванов, шефот на Федералната служба на Русија за контрола на обртот на наркотици.

„Од 2010 година во заеднички акции беа ликвидирани 22 нарколаборатории и уништени се повеќе од 24 тони опијати“, забележа Иванов.

Според неговите зборови, сите 24 тони наркотици биле предвидени за извоз во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња