Војници од Јужниот воен округ (ЈВО) на Русија за прв пат ќе земат учество во воената парада во чест на независноста на Апхазија, пренесе во понеделникот прес-службата на ЈВО.
„Војниците од рускиот контингент во ЈВО за прв пат ќе земат учество во воената парада, посветена на 20-годишнината од независноста на Апхазија, која ќе се одржи на 30 септември на плоштадот „Слобода“ во Сухуми“, се кажува во соопштението.
Според податоците од прес-службата, во парадата ќе земат учество околу 150 војници и до 20 единици воена техника, вклучувајќи ги комплексите „Оса“ и оклопните транспортери БТР-80.
Музичкиот дел од парадата ќе биде исполнет од свечен оркестар од руската воена база и Министерството за одбрана на Апхазија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче