Американскиот весник The New York Times објави статија на претседателот на Русија, Владимир Путин, во која тој ги предупредува САД и плановите на Вашингтон за спроведување воена операција против Сирија.
„Ја поздравувам заинтересираноста на претседателот Обама да го продолжи дијалогот со Русија околу Сирија. Ако успееме да избегнеме примена на сила против Сирија, тоа ќе ја подобри атмосферата во меѓународните односи и ќе ја засили заемната доверба. Тоа ќе биде наш заеднички успех кој ќе ја отвори вратата за соработка и решавање на други важни проблеми“, го цитира Путин РИА Новости.
„Плаши тоа што военото вмешување во внатрешните работи и конфликти на другите држави за САД стана нормална работа. Зар тоа се долгорочните интереси на САД? Се сомневам. Милиони луѓе низ целиот свет сѐ повеќе гледаат во САД не модел на демократија, туку држава која се основа на употреба на сила, создава коалиции под максимата „кој не е со нас, е против нас“, забележа претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче