Експерт: Руските сателити „паѓаат поради увозни чипови“

Компјутерската опрема не е секогаш во можност да ги исполни строгите барања за беспрекорна работа во вселената. Се случува да се користат и интегрални кола кои не се предвидени за користење во орбитата, па затоа се случува дефект на сателитите.

Компјутерската опрема не е секогаш во можност да ги исполни строгите барања за беспрекорна работа во вселената. Се случува да се користат и интегрални кола кои не се предвидени за користење во орбитата, па затоа се случува дефект на сателитите. Руската фирма „Микрон“ разви чипови кои ќе обезбедат стабилна работа на уредите во вселената во период од 10 до 15 години.

„Одвреме-навреме имаме случаи на дефект во нашите сателити. Тоа е непосредно поврзано со употребата на компоненти од странско производство кои не се наменети за работа во вселената. Затоа создадовме нови микропроцесори и различни интегрални кола кои ги задоволуваат нашите стандарди, а со тоа треба да обезбедат стабилна работа на опремата во вселената во наредните 10 до 15 години, изјави Николај Шелепин, заменик на генералниот директор за наука во „Микрон“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња