Русија ја подигна борбената готовност поради лансирањето на ракети во Средоземното море

Русија го подигна нивото на борбена готовност на Централната команда на Генералштабот и Командата на единиците за воздушно-космичка одбрана после лансирањето на ракети во Средоземното море на 3-ти септември.

Русија го подигна нивото на борбена готовност на Централната команда на Генералштабот и Командата на единиците за воздушно-космичка одбрана после лансирањето на ракети во Средоземното море на 3-ти септември. Ова за новинарите го извести заменикот на министерот за одбрана, Анатолиј Антонов. Според неговите зборови, рускиот систем за откривање на ракетните напади ја покажал својата ефикасност.

Руските систем за откривање на ракетни напади на 3 септември утрото забележа лансирање на две балистички цели во водите на Средоземното море. Лансирањето го открил борбен одред во Армавир. Покасно се дозна дека ракетите се лансирани во рамките на заедничките вежби на противвоздушните сили на Израел и САД. Извор во Дамаск соопшти дека ракетите паднале во морето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња