Русија ги повика САД да се откажат од притисокот врз Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров по телефон зборуваше со Џон Кери за сириското прашање, пренесува РИА Новости.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров по телефон зборуваше со Џон Кери за сириското прашање, пренесува РИА Новости.

Според информацијата на агенцијата, тој му изјавил на својот американски колега дека Русија „е длабоко вознемирена од подготвеноста на американската армија да се вмеша во сирискиот конфликт“.

Освен тоа, тој ги повика САД да се воздржат од употреба на сила, бидејќи, според неговите зборови, не е докажана вмешаноста на режимот на Асад во нападот со хемиско оружје.

Лавров исто така изјави дека воената разврска во Сирија ќе има последици за целиот Близок Исток.

Иницијатор на разговорот беше самиот Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња