Евакуацијата на Русите од египетските одморалишта е опција која не е исклучена, изјави шефот на Ростуризам, Александар Радков. „Во моментов не е објавена евакуација и се надеваме дека до тоа нема да дојде“, изјави тој.
Како што забележа Радков, ситуацијата во Египет останува напрегната и не е јасно како ќе се развиваат настаните понатаму. „Не е исклучено дека во државата може да дојде до граѓанска војна, а тогаш ќе се појави потреба од евакуација на туристите“, изјави раководителот на Ростуризам.
Радков подвлече дека „планот за евакуација е создаден“.
Според информациите на Ростуризам, во моментов на одморалиштата во Египет има околу 40.000 руски туристи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче