На руските туристи им советуваат да не ги планираат своите новогодишни одмори во Египет. Ова го објави федералната агенција за туризам, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Како алтернативна дестинација за зимските одмори на Русите им се препорачуваат Емиратите – „Ако туристите бараат нешто слично на Египет, тогаш најдобра алтернатива се Емиратите“, изјави шефот на федералната агенција затуризам, Александар Радков.
Според мислењето на раководителот на Ростуризам, во зимските месеци најмногу аранжмани ќе се продадат за земјите каде е топло и сончево. Тоа најчесто е и Тајланд, но и земјите од Карипскиот басен. Сепак, како што забележа Радков, таквите дестинации се поскапи во споредба со Египет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче