PayPal ќе почне да ја користи руската рубља

Системот за плаќање ќе почне да работи со руската валута.

Најголемиот систем за плаќање во светот PayPal, која припаѓа на американската интернет-компанија eBay, од 17 септември ќе започне да работи со рубљи. Тоа ќе го упрости плаќањето во Русија на интернет-страницата на eBay, но не се очекува забележително подобрување на позициите на PayPal во Русија, каде овој систем го зазема четвртокот место после "Яндекс.Деньги", Qiwi.Wallet и WebMoney.

Во интервју за Digit.ru, регионалниот директор на PayPal во Русија, Владимир Маљугин изјави дека од 17 септември руските корисници ќе можат да ги плаќаат нарачките преку PayPal со рубљи, како и да префрлаат средства на своите сметки во рубљи практично од секоја руска банка. Досега сите трансакции во PayPal - Русија се извршуваа во долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња