20% од кредитите во Русија не се сервисираат

Една петтина од кредитите на „ОТП Банка“ не се плаќаат. Ова е антирекорд за големите банки, а воедно е и слика за состојбата во кредитирањето на потрошувачите во Русија.

Една петтина од кредитите на „ОТП Банка“ не се плаќаат. Ова е антирекорд за големите банки, а воедно е и слика за состојбата во кредитирањето на потрошувачите во Русија.

Според резултатите од првото полугодие на 2013, бројот на кредити чии рати не се платени во последниве 90 дена изнесува 20,6% - таков е заклучокот во „ОТП Банка“. Уделот на лошите кредити на банките расте во Русија. Пред три месеци „лошите кредити“ во Русија изнесуваа 18,7% од сите дадени кредити, додека пред година и половина - 12,4%.

Сепак, според други експерти големината на пазарот на лоши кредити изнесува од 10 до 12% во Русија, објаснувајќи го тој податок со фактот дека различни банки имаат различни политики на давање кредити - некои имаат поагресивни, некои порезервирани политики, од што зависи и големината на „лоши“, односно „добри“ кредити. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња