Министерот за регионите во Естонија, Сијм-Валмар Кијслер го обнови списокот на најраспространети презимиња во државата кои, доколку посака граѓанинот - не може да ги промени без специјална дозвола, пренесе во четвртокот прес-службата на Министерството.
Со оваа мерка треба да се запре зголемувањето на бројот на најраспространети презимиња кои се регистрирани во Естонија. Во списокот влегуваат презимиња кои во Естонија ги носат повеќе од 500 луѓе.
Правото да се промени презимето во Естонија се дава само еднаш, освен при промената на презимето кога се склучува брак. Секоја година околу 1.000 луѓе добиваат дозвола за промена на името или презимето.
Во списокот влегуваат и руски презимиња како: Иванов, Петров, Сидоров, Василев, Попов, Алексеев, Степанов, Трофимов, Смирнов, Романов, Павлов, Морозов, Никифоров, Јаковлев, Дмитриев и други.
Според податоците на естонскиот регистар, најраспространето презиме во Естонија е Иванов, кој го носат дури 7.000 жители во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче