Рускиот студентски сојуз собра повеќе од 39.000 потписи за враќање на правото на студентите за бесплатно посетување на музеите, пренесува ИТАР-ТАСС.
Студентите ја потпишаа петицијата и ја испратија во Министерството за образование и наука, Министерството за култура и на пратениците на Државната Дума.
Од 1 септември 2013 година, заедно со стапувањето во сила на новиот закон „За образованието во Руската Федерација“, студентите ќе мора да платат влезна карта за музеите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче