Вашингтон не ја смета Москва за рамноправен партнер

Во односите меѓу двете држави започнува период на игнорирање.

Се создава впечаток дека ако не беше делото околу Сноуден, Обама можел некако да најде начин да се откаже од посетата во Москва, избегнувајќи средба со Путин. Не е случајно тоа што сега на Запад активно се разгласува темата за хомосексуалците во Русија и законот против хомосексуална пропаганда. Антигејскиот закон, прифатен неодамна од руската Дума стана втор јавен повод Обама да се откаже од средбата. Но најмногу од сѐ - причината околу откажувањето на средбата е во тоа што Путин и Обама немаат реално за што да разговараат. Темите на разговор одамна се во ќорсокак.

Околу Сирија договор нема, и нема да има. Околу противракетниот штит Американците никогаш нема да се согласат на такви отстапки какви Москва бара. А основните драматични случки во оваа област можат да се случат за 10-15 години, кога НАТО со поддршка на САД ќе достигне нова технолошка способност да го одбие секој ракетен напад, со што суштествено ќе се намали рускиот нуклеарен потенцијал и неговата моќ. Одовде, веројатно, потекнува иницијативата на Обама за намалување на нуклеарните арсенали за една третина, на што Москва одговори со молчење. И јасно е зошто Москва молчи.

Околу Иран Русија нема да се согласи на никакви отстапки, и затоа САД се обидуваат да најдат сопствени приоди кон новото иранско раководство - особено откако економијата на таа држава се изнастрада од санкциите. Во Авганистан после намалувањето на военото присуство на САД во 2014 руските услуги за транзит на војници и стока низ Русија ќе бидат непотребни. На светскиот енергетски пазар сега се случуваат промени кои ги прават неактуелни разговорите за почеток на векот за возможна руско-америанска соработка. Што се однесува до трговијата и економијата, рускиот и американскиот трговски баланс е десетици пати помал од руско-кинескиот.

Згора на се, Америка не ја смета Русија за рамноправен партнер. Причините за тоа се економски и поврзани со погледот на реалиите во светот.

Одделен проблем е лошиот личен контакт меѓу Путин и Обама. Претходникот на Обама - Буш, и покрај сите несогласувања, беше кон Путин поблизок. Додека Обама и Путин се на власт, односите меѓу Русија и САД ќе бидат лоши. Тие историски секогаш биле премногу зависни од раководителите на двете држави.

Секако, треба да се каже дека „студена војна“ меѓу Русија и САД нема, туку настапи една нова етапа, во кој клучен збор ќе биде „игнорирање“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња