Кога Владимир Путин изјави дека има само еден услов за останувањето на Сноуден во Русија, тој направи забелешка на својот исказ. Тој изјави дека иако звучи чудно, тој бара Сноуден да прекине со нанесувањето штета на САД. Само во тој случај Сноуден може да смета да добие некаков статус за да остане на територијата на Русија. Зошто тој услов можел некому да му се чини чуден? Најверојатно затоа што станува збор за геополитички соперници, и наеднаш Путин покажува грижа за својот конкурент.
Ако земеме една изјава на Џон Мекејн, кој предложи да се заврши создавањето на противракетниот штит во Европа и активно да се проширува НАТО, примајќи ја како членка и Грузија, тогаш тешко дека зборовите на Путин се адресирани имено на тој политичар и неговите поддржувачи. Неговите зборови се адресирани кон Барак Обама, т.е. на другиот дел од политичкиот спектар во САД. Политиката на неговата партија, за разлика од другата опција, се смета за поумерена и прагматична. Патем, Џон Мекен со своите изјави ја откри вистинската цел за противракетниот штит во Европа. Ако тој штит не е насочен против Русија, тогаш зошто да се поврзува решението ан Русија за Сноуден со противракетниот штит во Европа?
Лицемерните маски се фрлени. Влијателниот политичар отворено изјави дека противракетниот штит има јасна антируска улога. Само поради тоа Русија вредеше да се занимава со Сноуден. Сноуден не само што ја откри полициската улога на САД во светот, туку индиректно ја откри политиката на САД кон Русија. Суштината на таа политика досега постојано се маскираше, но сега веќе е јасно дека се следи една конкретна цел – да се добие воена надмоќност, да се неутрализира нуклеарниот штит на Русија. За што – на сите им е јасно.
И оваа агресивна политика на САД има свое лоби, свои поддржувачи. Но има и друга политика и други погледи на светот, кои денес се исто така актуелни во политиката на САД. Причини за таквите промени во глобалната геополитика се неколку. Една од нив е ситуацијата на Блискиот Исток. Многумина во светот, се чини, веќе се смирија со „колор“ револуциите организирани од САД во различни држави. Во суштина тоа е еден вид хаос, еднаков на политиката на неоколонијализмот – кога државите и народите едноставно се окупирале и им се наметнувале нови правила за живот.
И сè до неодамна се чинеше дека тој хаос ќе оди непрекинато. Бомбардирањето на Југославија, Либија, Ирак, Авганистан, револуциите во различните држави – сето тоа им одеше од рака на Американците. Западниот набљудувач молчеше и со согласуваше со тоа под товарот на огромната пропаганда за ширење демократија во светот. Светот дури и знаеше дека и Сирија ја чека истата судбина. После неа следува Иран, државите во Средна Азија и т.н.
Сепак, војната во Сирија тргна по друго сценарио. Умешните дејства на Русија во тој конфликт одиграа голема улога. А народот на Сирија, чувствувајќи реална поддршка, истапи да го заштити својот суверенитет. Уште на самиот почеток на конфликтот ние пишувавме за тоа дека ако сирискиот народ добие поддршка, тогаш народот нема да може никој да го победи.
И овде, во Сирија, се сопна сета политика на САД. Ја имаме предвид агресивната политика со цел да се создаде еднополарен свет под раководство на САД. Многу држави и народи замолчуваа и даваа согласност на силните во светот. Сепак, ако ситуацијата се измени, и доколку САД не можат толку бесцеремонијално да се справуваат со народите и државите, тогаш антиамериканското движење набрзо ќе собере нова сила, и притоа – тоа ќе биде можно, силно движење, бидејќи многу се на број навредените и понижените во овој свет.
И уште една забелешка – ако пред 10 години се чинеше дека САД се тотален авторитет во светот, денес тој имиџ во голема мера е уништен.
Во врска со промените во светот, доволно чудно изгледа и позицијата на Украина, држава која реши да се интегрира во Европа. Во услови кога повторно се разгледуваат системите на вредности во Европа, заедно со агресивниот курс на проширување на ЕУ и НАТО - решението на раководството на Украина изгледа доста чудно, ако не и глупаво. Таа се откажува од своите словенски корени и култура, вековните врски со Русија, од Киевска Русија и од својата историја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче