Во Русија ќе започнат да се произведуваат канадските авиони DHC-6 Twit Otter. Планирано е тие да се најдат на пазарот веќе кон крајот на 2014 година, изјави за „Ведомости“ претставник на асоцијацијата на регионална авијација „Авиасојуз“, Вјачеслав Илјушин.
Канадскиот регионален авион, создаден во 1964 година и модернизиран во 2010 година ќе биде првиот производ во новата посебна економска зона во Улјановск од компанијата „Витјаз“.
Властите на неколку руски региони веќе пројавија интерес за овој авион, посебно во реоните на Крајниот Север и Арктикот, објасни Илјушин.
За да се исплати проектот, треба да се произведат околу 50 авиони, а пазарот во моментов има потреба од 200 години за следниве 10 години. Инвестициската програма за овој авион чини околу 80 милиони долари, а веќе се потрошени 50 милиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче