Што подолго се одолговлекува организирањето на Женева-2, толку повеќе цивилни жртви ќе има во Сирија. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров веднаш после средбата „два плус два“.
„Ние имаме своја позиција која повеќепати ја истакнуваме“, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров веднаш после средбата „два плус два“. „Она што таму се случува уште повеќе ја актуализира потребата што побрзо да се одржи ваквата конференција“.
Министерот истакна дека сириската влада се сложи да испрати свои претставници на конференцијата без никакви прелиминарни услови. „Очекуваме ист став од страна на опозицијата“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче