„Гаспром“ во јули го зголеми извозот во Европа за 29%

Руски „Гаспром“, според прелиминарните податоци, во јули 2013 ги зголемил испораките на гас во странство за 29% во однос на истиот период минатата година.

Руски „Гаспром“, според прелиминарните податоци, во јули 2013 ги зголемил испораките на гас во странство за 29% во однос на истиот период минатата година - до 14.037 милијарди метри кубни, стои во соопштението на рускиот холдинг.

Истовремено, во јули годинава „Гаспром“ поставил нов рекорд за дневна испорака на гас во странство - 470 милиони метри кубни. „Обично вакви количини корисниците добиваат за време на есенската или зимската сезона“, се кажува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња