WSJ: САД ги преплатуваат руските хеликоптери за Авганистан

Пентагон многу поскапо плаќа на Русија за хеликоптерите Ми-17, кои се набавуваат за потребите на авганистанската армија, пишува The Wall Street Journal.

Пентагон многу поскапо плаќа на Русија за хеликоптерите Ми-17, кои се набавуваат за потребите на авганистанската армија, пишува The Wall Street Journal. Весникот пишува дека Пентагон планира да потроши дополнителни 345 милиони долари за уште 15 хеликоптери од руско производство. Претставниците на организацијата Human Rights First тврдат дека добиле информација за цените на Ми-17 од договорите за САД. Според нив, документите покажуваат нагло покачување на вредноста на хеликоптерите, и тоа кажува дека Русија ги зголемува цените за Ми-17.

Како што порано е соопштено, во Human Rights First и другите групи изјавија дека „Рособоронекспорт“ сѐ уште испорачува оружје во Сирија, и затоа Вашингтон не треба да склучува договори со таа компанија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња