Бензински пумпи од „Гаспром“ започнаа со работа во Босна и Херцеговина

„Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), ќерка-компанија на „Гаспром-нафта“, отвори 27 бензински пумпи под марката „Гаспром“ на територијата на Босна и Херцеговина.

„Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), ќерка-компанија на „Гаспром-нафта“, отвори 27 бензински пумпи под марката „Гаспром“ на територијата на Босна и Херцеговина.

Големиот проект за развој на нови премиум малопродажни мрежи на бензински пумпи „Гаспром“ се реализира и во другите балкански земји: во Србија, Бугарија и Романија. Планирано е до 2015 година мрежата на Балканот да има повеќе од 250 бензински пумпи, и на тој начин да се покријат 15% од малопродажниот пазар на горива во тие земји.

На бензинските пумпи „Гаспром“ се продаваат горива, масла и мазива, како и широк асортиман на други производи. Во склоп на секоја бензинска пумпа се наоѓа продавница, ресторан и кафе-бар. Клиентите имаат на располагање и додатни услуги, како што е безжичен Интернет, перење на автомобилот и детско игралиште. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња