Најавени се можните датуми за одржување на Ф-1 во Русија

„Гран при Формула 1“ во Русија треба да биде одржан во октомври 2014.

Најавени се можните датуми за одржување на „Големата награда на Русија“ во класата „Формула 1“. Руската етапа треба да се вози од 17-20 октомври 2014 во Сочи, соопшти Олег Забар, заменик на генералниот директор на АД Центар „Омега“ која го организира „Гран при Русија“, пренесува gazeta.ru.

Според зборовите на Забар, „Гран при“ пружа одлични комерцијални можности и добра прилика да се привлечат голем број туристи. Организаторите на трката соопштија и изградба на сите неопходни објекти за ова натпреварување на тече според планот.

Договорот за организирање на трката е потпишан во 2010 година и предвидува „Големата награда на Русија“ да се одржува до 2020, со можност за продолжување. Според тоа, Сочи од наредната година треба да биде домаќин на 7 етапи од „Формула 1“ во Русија.

Првото претставување на „најбрзиот циркус на светот“ во Русија можеше да се случи уште во 1983, кога Берни Еклстон допатува во Советскиот Сојуз, специјално за да се договори околу одржување на трката „Формула 1“ во Москва. Во тоа време дури руската етапа беше внесена и во прелиминарниот список на светскиот шампионат, меѓутоа поради бирократски препреки не се одржа. Сочи ќе биде домаќин на првиот руски „Гран при “ во историјата на „Формула 1“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња