Донесена е одлука во Русија да се произведуваат генетски модифицирани организми (ГМО). Со одобрение од владата се утврди стратегија за развој на биотехнологијата и генетското инженерство, која ја припреми Министерството за економски развој на РФ.
Како што се објаснува во официјалните извештаи, светскиот пазар на биотехологија денес забрзано се развива. Се прогнозира дека до 2025 ќе достигне вредност од 2 билиони американски долари. Меѓутоа, уделот на Русија во тој пазар е помал од 0,1%, додека во сегментот на производство воопшто и не постои.
Оваа стратегија би требало да го намали заостанувањето на Русија и ќе го зголеми производството на ГМО во оваа држава. Со исполнување на стратегијата треба да се покачи нивото на биотехнолошко производство во Русија во обем од околу 1% БДП до 2020, но и да се створат услови во овој сектор да достигне обем од најмалку 3% БДП до 2030.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче