Владимир Путин планира посета на иранскиот претседател во август

Руско-иранска соработка за нуклеарната програма.

Комерсант известува дека рускиот претседател Владимир Путин планира посета на Иран во август. Според зборовите на соговорникот од Комерсант, Кремљ планира да го искористи доаѓањето на власт на новиот претседател Хасан Рохани  за поместување од мртва точка на преговорите околу нуклеарната програма на Иран. Владимир Путин ќе ги разгледа и билатералните прашања како што се градење на нови нуклеарни електрани како и испорака на системите Antej-2500 за воздушна одбрана на Иран. Експертите сметаат дека оваа посета „ ќе биде перспективна, но и ризична“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња