Познат распоредот за Сочи

Објавен распоредот за Олимписките игри во Сочи.

Организацискиот комитет на Олимпијадата „Сочи 2014“ го објави официјалниот распоред за зимските Олимписки игри во Русија.

Олимписките игри во Сочи ќе бидат рекордни во однос на бројот на награди за кои ќе се натпреваруваат спортистите – дури 98. Во програмата се вклучени 12 нови спортови, од кои 9 скијачки. За првпат во историјата на Олимписките игри во ски скоковите ќе учествуваат жени. Ќе има повеќе натпревари во слободен стил и сноубординг. Во три дисциплини: уметничко лизгање, санкање и биатлон, ќе бидат организирани тимски натпревари.

Поради Олимпијадата во Сочи ќе биде прекината зимската сезона на Националната хокејашка лига (НХЛ).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.