Ќе се освојува космосот

Во Русија подготвуваат орбитална база за летови во далечниот космос.

Руските експерти работат на орбитална база која ќе служи за тестирање, дополнување на гориво и подесување на леталата кои се упатуваат на Месечината и Марс, објави раководителот за летови на руската Меѓународна вселенска станица, Владимир Соловјов.

„Работата е во тек и нема да се ограничиме само на МСС. Кога ќе започнат летовите кон Месечината или кон Марс, ќе треба вакви слични бази да се изградат и таму“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Соловјов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња