Големата тројка мобилни оператори во Русија (MTS, Beeline i Megafon) немаат намера да ги пренесуваaт личните податоци за руските граѓани на странските разузнавачки служби, пренесува руски Ekspert.
Директорот за правни прашања и односи со законодавните и извршните органи на Мегафон, Ана Серебрјаникова, истакнува дека процесот за заштита на личните податоци на руските граѓани е под постојана контрола на операторите. Во однос на ова прашање, трошоците на компаниите за безбедност растат од година во година и достигнуваат стотина милиони рубљи.
Според нивните зборови, дури и ако Интерпол побара лични информации за некого, нема да бидат доставени од страна на мобилните оператори
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче