Нов руски скафандер за МВС

На крајот на годината стигнува руски скафандер од новата генерација за МВС.

Првиот руски скафандер на новата генерација «Орлан-МВС» ќе биде доставен на крајот на годината на Меѓународната вселенска станица МВС на товарниот брод „Прогрес“, изјави за новинарите раководителот на летот МВС Владимир Соловјов.

Соловјов не го прецизираше бројот на новите скафандери.

Вчера, при излегувањето во Вселената, од скафандерот на космонаутот Лук Пармитано протече вода.

Космонаутите излегоа во космосот во американски скафандери од марката EMU (Extravehicular Mobility Unit).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња