Наскоро резултатите од хаваријата со „Протон-М“

Резултатите од истрагата за катастрофата на ракетата „Протон-M“ ќе бидат објавени до крајот на неделата.

До крајот на оваа недела ќе бидат објавени резултатите од работата на комисијата на Федералната вселенска агенција, за несреќата на ракетата „Протон-M“, известува РИА Новости.

Од министерството истакнаа дека истрагата е веќе завршена.

„Комисијата ја заврши својата работа и резултатите ќе бидат објавени до крајот на неделата. Потоа истрагата и разгледувањето на причините за несреќата ќе се продолжи на ниво на владината комисија на чело со вицепремиерот Дмитриј Рогозин“, рече Ана Ведишчева, секретар на претседателот на Федералната вселенска агенција.

За потсетување, руската ракета без човечки екипаж, која во орбитата носеше три навигациси сателити, се сруши неколку секунди по лансирањето од космодромот Бајконур во Казахстан.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.