Наскоро ќе се знае дали ЦИА ги прислушкувала и Русите

Руските телекомуникациски оператори ќе покажат дали американските тајни служби прислушкувале руски телефонски разговори.

Претставници на „големата четворка“ руски телекомуникациски оператори (MTS, Megafon, Vimpelkom и Rostelekom) на седницата на работната група на Советот на федерацијата, ќе покажат дали западните тајни служби можат да ги прислушкуваат руските телефонски разговори. За ова во понеделникот за РИА Новости изјави Руслан Гатаров, шеф на работната група за истражување на фактите за „истекување“ на руски податоци кон американските тајни служби.

Во бразилскиот печат се појавила информација, повикувајќи се на поранешниот соработник на CIA, Едвард Сноуден, дека американската тајна служба ги следи телефонските и интернет разговорите во Русија.

„Ги повикавме претставниците на MTS, Megafon, Vimpelkom и Rostelekom, за да ги прашаме дали е тоа возможно“, изјави гореспоменатиот политичар. Тој уште додаде дека сите телекомуникациски оператори ќе земат учество на седницата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња