Акциите на „Гаспром“ пораснаа после вестите за Македонија и „Јужен тек“

Еден од најважните „мотори“ на вчерашниот раст беше Гаспром, чии акции пораснаа за 3,38%.

Во четвртокот си берзански показатели на московската берза се најдоа на „зелена територија“. Лидерот во растот во светот и понатаму се кинеските индикатори: индексот Shanghai Composite порасна за 3,23%, а индексот Hang Seng за 2,55%.

Руските индекси вчера го почнаа денот со раст, следејќи го глобалниот раст на индексите во светот. Индексот ММВБ порасна за 2%, а индексот РТС порасна за 3,07%.

Еден од најважните „мотори“ на вчерашниот раст беше Гаспром, чии акции пораснаа за 3,38%, раст кој следеше веднаш откако до јавноста дојдоа вестите дека компанијата го подготви договорот со Македонија за проектот „Јужен тек“, а владата на Русија му даде на „Гаспром“ без конкурс три наоѓалишта во вредност од околу 35 милијарди денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња