Србија ја доби првата транша од рускиот кредит во висина од 300 милиони долари, соопшти агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за финансии и стопанство во Србија.
„Владата на Руската Федерација вчера исплати 300 милиони долари на сметката на српскиот буџет“, се кажува во соопштението од министерството.
Договорот за помош на Србија во вид на поволен државен кредит од 500 милиони долари беше потпишан во април годинава. Србија се обрати до Русија за финансиска помош за да го покрие дефицитот на државниот буџет и доби кредит на 10 години со две години грејс период и годишна каматна стапка од 3,5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче