Русија одговара на забелешките на НАТО поврзани со тактичкото нуклеарно вооружување

Москва после 1991 година за четири пати го намали бројот на нестратешко нуклеарно вооружување останато уште од времето на СССР, кој за разлика од арсеналот на другите нуклеарни сили, се наоѓа исклучително на територијата на Русија - истакна постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко.

Тој на тој начин одговори на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Размусен, кој наведува дека земјите на алијансата после завршувањето на студената војна „забележително ги намалиле своите тактички нуклеарни арсенали, но немало ист одговор од страна на Русија“.

Грушко нагласи дека Русија во повеќе наврати ги повикувала другите нуклеарни сили „да го следат рускиот пример и да се занимаваат со решавање на тоа прашање, односно во потполност да ја отстранат инфраструктурата во странство која овозможува брзо разместување“. „Тоа би бил вистински допринос во зацврстувањето на безбедноста на евроатлантскиот простор“, додаде Грушко.

Според информациите од јавните извори, американското тактичко нуклеарно вооружување, конкретно авионските бомби, во моментов се наоѓаат во пет воени бази на НАТО земјите кои официјално не поседуваат сопствено нуклеарно вооружување, а тоа се Германија, Белгија, Холандија, Турција и Италија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.