Министерството за одбрана на Јапонија го објави годишниот извештај за главните прашања околу меѓународната и националната безбедност и ситуацијата во светот (т.н. Бела книга) за 2013 година, пренесува РИА Новости. Во овој извештај се зборува за вмешаноста на Русија, Кина и Северна Кореја во сајбер-нападите на државните организации во различни земји во светот.
„Сајбер-нападите на информатичките и комуникациските мрежи на владините воени институции во различни земи зачестуваат, и постојат информации дека во нив се вмешни државните структури на Кина, Русија и Северна Кореја“, се наведува во соопштението на Јапонија.
Виртуелниот простор во Јапонија се нарекува петто боиште, после копното, воздухот, морето и вселената. Според податоците со кои располага јапонската полиција, само во минатата година се регистрирани преку илјада сајбер-напади врз јапонските институции во кои се користени вируси кои крадат информации од заразениот компјутер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче