YLE: руските инвестиции во Финска значително се зголемени

Нивото на руски инвестиции во Финска е значително зголеемно за краток период, соопштува телекомпанијата YLE.

Нивото на руски инвестиции во Финска е значително зголеемно за краток период, соопштува телекомпанијата YLE. Во забелешката на нивната интернет-страница се кажува дека после продажбата на Helsinki Arena, новите руски сопственици е најдоа во центарот на вниманието. Вкупната сума на инвестиции е непозната, иако според разни оценки, таа варира од неколку стотици милиони до милијади долари, се забележува во статијата.

„Рускиот бизнис бара пазари во странство“, изјави заменикот секретар за надворешноекономски односи во МНР на Финска, Мати Антонен. „Сметам дека инвестициите овде треба да продолжат“, додаде тој.

Како што спомнува авторот на статијата, еден од најголемите руски оператори во Финска е компанијата Teboil, чиј финансиски обрт во 2012 година изнесува 2,5 милијарди евра. Освен тоа, како пример се наведува и „Норилски никел“. Голем руско-фински проект е и бродоградилиштето Arctech во Хелсинки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња