Секогаш кога како резултат на народно востание некаде се турка од власт, луѓе почнуваат да го поставуваат прашањето: „А кога ќе се случи истото во Русија?“. Џон Меккејн го поставува тоа прашање најгласно од сите; и секогаш кога клубот на диктатори губи по некој член, многумина во Вашингтон гледаат на Кремљ и мислат: „Тој е следниот!“.
Секогаш кога како
резултат на народно востание некаде се турка од власт, луѓе почнуваат да го
поставуваат прашањето: „А кога ќе се случи истото во Русија?“. Џон Меккејн го
поставува тоа прашање најгласно од сите; и секогаш кога клубот на диктатори
губи по некој член, многумина во Вашингтон гледаат на Кремљ и мислат: „Тој е
следниот!“.
Дали ќе се случи
такво нешто – е сосема друго прашање. Треба да се разгледа тоа што се случува
во Каиро и да се спореди со она што претставува Москва. Заради тоа поставив седум
причини кои сведочат дека тоа е малку веројатно. Нередите во Египет се појавија
поради влијанието на моќни економски и демографски сили, кои во Русија целосно
отсуствуваат.
- Наталитетот
во Египет е далеку поголем отколку во Русија.
- Египет
има далеку поголем проблем со сиромаштијата отколку Русија, која во најголем
дел го надмина тој проблем.
- Населението
во Египет е далеку помладо од руското население.
- Во
споредба со Русија, во Египет има огромна невработеност (25%, споредено со
руските 4,8%).
- Приходите
на Русите растат брзо, додека приходите на Египќаните со години се исти.
- Египетската
влада нема средства, додека руската влада има и повеќе од доволно.
- Во
Египет има далеку повеќе селско население отколку во Русија (потешко е да се
одржува контрола над сиромашното селско население).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.