Русија нема да го испорача Сноуден

Русија нема да го испорача Сноуден, но нема да го остави и кај себе.

Москва нема да го испорача Сноуден на САД, бидејќи нему теоретски може да му биде досудена смртна казна, но и во Русија Американецот нема да остане. Тој се откажа од својата молба веднаш откако дозна дека претседателот на Русија бара од него да прекине со нанесувањето штета на американските интереси.

„Прво - Сноуден се наоѓа во транзитната зона на аеродромот „Шереметјебо“ и тој не ја поминал границата на Руската Федерација. Второ - нашите специјални служби никогаш не работеле со Сноуден, тој не е нивен агент. Трето - самиот Сноуден по свои причини не се смета за борец за идеалите на демократијата и слободата на човекот“, изјави портпаролот на шефот на Русија, Дмитриј Песков.

„Четврто - имајќи предвид дека испорачувањето на Сноуден во држава како САД, каде сѐ уште има смртна казна, е невозможно. Следно - имајќи го тоа предвид, Русија никогаш никого не екстрадирала, нити ќе го направи тоа во иднина. Случаите кои сведочат за обратното - се само размена, а не екстрадиција“, подвлече тој.

Правниците забележуваат дека тешко дека би му успеало на Сноуден да добие политички азил во Русија. Експертот од Федералната служба за миграција на Русија изјави за RBTH во неофицијален разговор дека во Русија нема ниту еден човек кому би му дале „политички азил“. Според неговите зборови, оние кои сакаат да избегаат од репресии во својата земја не бараат азил поради сложената процедура. Потребно е претседателот да даде посебно решение за таквиот човек да добие статус на политички азилант. Оваа правна форма е дојдена во руското законодавство од советското законодавство - но таа се применува. Многу полесно е да се добие статус „бегалец“. Статус „бегалец“ во Русија во моментов имаат околу 800 луѓе.

Најверојатно е дека Сноуден ќе најде прибежиште на територијата на некоја трета држава. WikiLeaks веќе објави 21 држава каде Американецот побарал азил. Некои од тие држави веќе изјавија дека ќе ја одбијат молбата, но други изјавија дека ќе ја разгледаат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.