Русија ѝ предаде на Индија нова фрегата

Нова руска фрегата за индиската морнарица.

Русија ѝ ја предаде на Индија фрегатата Trikand од проектот 11356. Договорот за испорака на фрегатата на морнарицата на Индија е склучен уште во 2006 година. Минатата година руските бродоградители испорачаа на Индија уште два брода, а со третиот во целост е исполнета обврската од договорот со Њу Делхи.

Фрегатите од проектот 11356 се дизајнирани за борба против бродови и подморници, како и за одбивање на воздушни напади. Нивната тежина е 3.600 тони, брзијата – 30 јазли, а радиусот на дејство – 4.800 милји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња