Русија и Кина се договорија да извршат годинава заеднички воени вежби под името „Морска соработка-2013“ и „Мирна мисија-2013“. Соодветните планови се прифатени во Москва во Генералштабот на Воените сили на Русија од генералот Валериј Герасимов и неговиот кинески колега – Фан Фенхуеј.
„Јас сум благодарен на својот колега за оваа посета во Руската Федерација – прва откако е началник на Генералштабот на Кина“, изјави Герасимов. „За време на преговорите ние разговаравме за прашања од воената соработка, ситуацијата во различни региони, како и за прашања од безбедноста. Го потврдивме курсот за стратешкото партнерство меѓу нашите вооружени сили, одобрен од раководството на двете држави. Сметам дека тоа ќе има полза за вооружените сили на двете држави“, додаде тој.
„Оваа година ќе имаме две заеднички воени вежби, во Јапонското море од 5 до 12 јули и од 27 јули до 15 август на територијата на Чебаркуљскиот полигон во Русија“, изјави Фан Фенхуеј.
Според неговите зборови, идните руско-кинески вежби не се насочени против некоја трета страна, туку нивната цел е да се зацврстат контактите во областа на воената подготовка, како и подобрување на координацијата на дејствата на вооружените сили на двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче