„Гаспром“ за 10% ја зголеми прогнозата за извоз на гас во Европа годинава – до 160 милијарди кубни метри, изјави во петокот претседателот на компанијата, Алексеј Милер. Според неговите зборови, во 2012 година компанијата во Европа продала 151 милијарди кубни метри гас. Во февруари годинава „Гаспром“ имаше поскромни очекувања – се очекувал раст до 152 милијарди кубни метри.
Причина за оптимизмот на компанијата се добрите показатели во првото полугодие – околу 80 милијарди кубни метри, што е за 10% повеќе отколку во истиот период во 2012 година. „Гаспром“ смета дека ќе има зголемување на извозот во Азиско-Тихоокеанскиот ергион.
Освен тоа, се очекува Турција да стане најголемата земја во Европа според количината на купен руски гас, надминувајќи ја во тој однос Германија. Турција во 2012 година купила 43 милијарди кубни метри гас, од кои 27 милијарди кубни метри доаѓаат од Русија.
Проблеми со обезбедувањето на дополнителни количини гас нема да бидат проблем на Русија. Тоа е решено со новото Бованенковско наоѓалиште, со кој „Гаспром“ си обезбеди уште 600 милијарди кубни метри гас годишно. Соодветно, до 2030 година „Гаспром“ ќе го зголеми уделот во Европа од 26% до 33%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче