Министерството за култура на Русија ќе финансира филм за 250-годишнината на Ермитаж

Министерството за култура на Русија ќе финансира документарен филм за 250-годишнината на Државниот Ермитаж.

Министерството за култура на Русија ќе финансира документарен филм за 250-годишнината на Државниот Ермитаж. Станува збор за сума од околу 2.000.000 денари кои ќе бидат доделени од Министерството за овој проект.

Министерството за култура уште кон крајот на јуни склучи договори за создавање на 10 филмови кои ќе опфаќаат различни јубилеи, а кои ќе бидат финансирани од федералниот буџет на Русија.

Освен филмот за 250-годишнината од создавањето на Ермитаж, планирано е да се сними филм и за Вернадски, династијата Романови и т.н.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња