Министерот за одбрана н Русија, Сергеј Шојгу го посети 60-от центар за борбена обука на ракетните единици во Астрахањската област. Таму една единица веќе доби комплет од ракетниот комплекс „Искандер-М“, кој според своите карактеристики е единствен во светот.
Според зборовите на министерот Шојгу, државното раководство презема мерки сите Вооружени сили на Русија да го добијат овој вид вооружување и воена техника. Планирано е сите ракетни бригади до 2018 година да го добијат ракетниот систем „Искандер-М“. Истовремено се работи и на создавање на нова инфраструктура за користење на новата техника, како и обука на екипажот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче