Центарот на Москва е поплавен од силен дожд

Силно невреме во Москва.

Центарот на главниот град на Русија вчера беше поплавен од силен дожд. Поплавени се улици и некои подземни премини во центарот на градот.

Во еден дел на градот поради силниот ветер почнале да паѓаат рекламните билборди и огради, а од зградите почнала да се лупи фасадата.

Потврдено е дека е поплавена една од станиците на московското метро.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња