Руската нафтени објекти на Арктикот можат да станат мети на диверзија од другите земји, изјави потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин. Тоа е кажано на научно-практичната конференција со име „Да се биде јак: гаранции за националната безбедност на Русија“, која се одржува во Москва.
„Активното освојување на Арктичкиот брег неминовно ќе доведе до судири на интерес меѓу државите. Сосема е возможно решавањето на тие судири да излезе од рамките на дипломатијата. Многу е веројатно дека руските објекти за екстракција на нафта и гас можат да станат мети на тајни диверзии од конкурентските земји“, смета Рогозин.
Потпретседателот на владата нагласи дека возвратна акција и одредување на размерот на примената на сила бараат претходно утврдување на заканата, но и идентификација на нивниот извор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче