Метеоритот „Челјабинск“ можел да содржи мраз

За двата дена, колку што траеше конференцијата, беа прочитани 30 статии. ваквата конференција стана првата во Русија од ваков вид во последниве 20 години.

Во Челјабинската област денес заврши меѓународната научна конференција „Астероиди и комети. Случката над Челјабинск и изучувањето на падот на метеоритот во езерото Чебаркуљ“. Според зборовите на претседателот на организацискиот комитет на конференцијата, Георгиј Гречко, „конференцијата била доста интересна и информативна“.

„Случката во Челјабинск беше документирана и се разговараше за неа од сите присутни, а попатно ние зборувавме и за Тунгуската катастрофа. Јас настапив против повеќето автори, кои сметаат дека овој метеорит спаѓа во класата хондрити. Камените метеорити на небото не експлодираат, бидејќи не можат многу силно да се загреат. Јас сметам дека јадрото на метеоритот бил составен од мраз“, изјави Гречко.

Слична хипотеза се слушна и од двајца учесници на конференцијата, меѓу кои беше еден млад научник во Серускиот научно-истражувачки институт, Генадиј Ионов, кој смета Челјабинскиот метеорит би можел да содржи мраз.

За двата дена, колку што траеше конференцијата, беа прочитани 30 статии. ваквата конференција стана првата во Русија од ваков вид во последниве 20 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња