Сноуден не е во авионот кој лета од Москва до Хавана

Од московскиот аеродром со 10 минути задршка полета авионот на „Аерофлот“ накај Куба. Во авионот Airbus A-330 требаше да се наоѓа Едвард Сноуден.

Од московскиот аеродром со 10 минути задршка полета авионот на „Аерофлот“ накај Куба. Во авионот Airbus A-330 требаше да се наоѓа Едвард Сноуден. Тој се регистрираше за местото број 17А во авионот, но на истиот не се качи.

Времето на лет од Москва до Куба изнесува 12 часа и 40 минути. Авионот треба да слета во 18:55 часот по кубанско време. Во Македонија тогаш ќе биде 12:55 (25 јуни) после полноќ.

Сепак, кореспондентот на телевизискиот канал „Русија 24“, Евгениј Попов, кој се наоѓа во авионот кој лета накај Куба – ја негираше информацијата дека во авионот може да се наоѓа Едвард Сноуден. „Авионот е на половина полн“, забележа тој. „Местото 17А е празно. Сноуден не е на авионот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.