Информациите за Сноуден се менуваат од час во час. Претходните новости говореа за тоа дека тој можеби е на пат за Исланд, но според агенцијата Интерфакс, тој е на пат за Куба, но можно е да остане и во Москва.
„Каде точно ќе посака да оди од Москва, е неизвесно, можеби тој ќе сака да остане во Русија“ - велат извори на Интерфакс.
Информацијата за неговиот пат кон Куба е од извор во „Аерофлот“, кој потврдува дека патник со презиме Сноуден лета кон Москва со лет број SU213 и дека треба да биде во руската престолнина во 17:00. Според неговите зборови на 24 јуни истиот патник лета за Куба со лет број SU150.
Руска реч на македонски ќе продолжи да го следи развојот на настаните и да ве информира.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче